Руската Федерална служба за безбедност уапси во Крим диверзанти од украинската радикална група Десен сектор, соопшти прес-центарот на службата.
Групата планирана „диверзиско-терористички акции во Симферопољ, Јалта и Севастопољ, по што планирала да уништува железнички пруги и далекуводи“.
Федералната истрага покрена обвинение против четворица мажи, кои планирале да активираат експлозиви ноќта пред Денот на победата на 9. мај, во близина на споменици во Симферопољ, а во април тие планирале да ја опожарат градската канцеларија на руската заедница во Крим и локалното претставништво на руската владејачка партија Единствена Русија.
При претреси на станови на осомничените се откриени експлозиви, огнено оружје, муниција, туби со запаллива смеса и друго.