„Хафингтон пост“ објави текст во кој што е направена анализа на пребарувачот „Гугл“ и на се што тој го дава како одговор на прашања, поврзани со европската нација.
Авторите на текстот на својот сајт ги ставиле и одговорите кои што ги добиле од најпознатиот пребарувач за секоја нација поединечно.
Интересно е што за Србите често е поставувано прашањето „Зошто Србите се толку лоши“, додека за Хрватите е прашањето „Зошто Хрватите се толку добри“.
Според ова истражување, корисниците често прашуваат и „Зошто Британците се толку груби, Ираците иритантни, Италијанците згодни, Швајцарците здодевни, Австријанците богати, Бугарите чудни, а Шпанците мрзливи“.
Што се однесува за Германците, најчестите прашања се поврзани за нивното минато и убиствата во текот на Втората светска војна.
Е. Г.