Уште една во низата необични страници кои се појавија на интернет се вика Flag Burning World, која им овозможува на своите посетители виртуелно да запалат знаме од некоја држава од некоја необјаснета причина.
Причината за постоење на оваа страница не е познат. До сега се „запалени“ околу 50 милиони знамиња. Кога ќе одберете знаме кое не го сакате, само кликнете на него и тоа ќе се запали.
Иако бројот на палење непрекинато се менува, до сега најзапалувано знаме е на Азербејџан (655 илјади), додека најмалку „несакано“ е она на островската држава во Карипското Море „Свети Винсент и Гренадини“ (72 илјади палења).
А најзапалувано знаме во текот на вчерашниот ден припадна на Србија со 102 илјади палења, додека знамето на Босна и Херцеговина гореше повеќе од 105 илјади пати, Црна Гора 77 илјади, Македонија 78 илјади, Словенија преку 100.000, а знамето на Хрватска корисниците го запалиле 81.000 пати.