Малезискиото цивилно воздухопловство и британската компанија за сателитска комуникација „Инмарсет“ денеска обелоденија податоци кои што се користени за утврдување на прашања за исчезнатиот авион „МХ 370“, по големиот притисок на семејствата на исчезнатите патници.
Семејствата на исчезнатите патници соопштија дека примиле извештај за податоци, кои што ги составиле официјални лица на „Инмарсет“ и дека ги објавиле на „Фејсбук“, пренесе „Ројтерс“.
Податоците на комуникација содржат 14 делови од седум „ракувања“ помеѓу авионот и сателитот, соопшти „Инмарсет“.
Боингот 777 со 239 патници и членови на екипажот на 8-ми март исчезна, на летот помеѓу Куала Лумпура и Пекинг. Се претпоставува дека се урнал во Индискиот океан, западно од брегот на Австралија.
Е. Г.