Најстарата Американка, една од малубројните живи луѓе родени во 19. век, вчера го прослави 115-от роденден.
Џералин Тали, родена во 1899 година, според Геронтолошката истражувачка група, е втора најстара личност на светот.
Жителката на Мичиген до минатата година одела на риболов, а и натаму шета со помош нa помагало.
На својот 115-ти роденден, таа посетила лекар, иако вели дека не се чувствува болно.
Одговорот на Џералин Тали на прашањето како толку долго живее, не се менува со години. „Се е во рацете на добриот Господ“, вели таа.
Според Геронтолошката истражувачка група, најстара личност на светот е Јапонката Мисао Окава, стара 116 години.