Еден ресторан во индискиот град Бомбај одлучи своите специјалитети да ги доставува со беспилотни летала.
Сопствениците на пицеријата „Франческо“ им се допаднала веста дека Амазон, американска компанија за порачки преку Интернет, планира своите пратки до купувачите во иднина да ги доставува со дронови, и одлучиле и самите да ја усвојат таа идеја за да го заобиколат сообраќајниот метеж.
– Успешно го спроведовме тестот, така што на 11 мај испративме пица на муштерија кој се наоѓа 1,5 километри од нашиот локал, рече главниот менаџер на пицеријата Михел Раџани.
– Постигнавме нешто што за четири до пет години ќе биде вообичаено, појасни тој, додавајќи дека цената на беспилотното летало со четири ротори е околу 2.000 долари.