Во Италија запленати 1,5 тони албанска марихуана

Од:

Италијанската полиција во Јадранското Море синоќа заплени 1.450 килограми марихуна и  уапси тројца италијански државјани, кои дргата ја прошверцувале од Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, дрогата, чија вредноста на наркопазарот достигнува вредност од шест милиони евра, била скриена кај моторот на рибарски брод.

Во последните три дена ова е трета последователна успешна акција на италијуанската полиција во која се запленува големо количество албанска дрога.

Претходно во Рим полицијата заплени 782 килограми марихуана  и уапси седум албански и еден романски државјанин, додека  кај Фиумикино беа запленети 900 килограми марихуана, скриена во гаража и беа уапсени двајца италијанси државјани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ