16-годишниот Марсел Фернандез од Бразил се запиша во Гинисовата книга,откако овие денови го собори светскиот рекорд во брзо пишување на СМС пораки, пренесуваат бразилските медиуми.
Фернанадез учествуваше на натпреварот во Њујорк , на кој на англиски јазик требаше да напишат СМС порака.
Тој го напиша текстот за 18 секунди и 19 стотинки, со што го собори досегашниот рекорд за 25 стотинки.
По победата тој изјавил дека вештината ја усовршил откако во 2009 година го скршил мониторот на својот компјутер и немал пари да купи нов, поради што употребувал исклучиво телефон.
Е. Г.