Италијанските власти спасија 500 имигранти во операција која траеше цела ноќ

Од:

Италијанската флота спаси околу 500 имигранти крај бреговите на Сицилија во операција, која траела во бурното море цела ноќ. Меѓу спасените има сто деца.

Имигрантите биле натоварени на две бротчиња, врзани едно за друго, бидејќи моторот на едниот не работел.

Повеќето имигранти се од Сирија, Египет и Бангладеш.

Меѓународната организација „Спасете ги децата“, изрази загриженост поради големиот број деца без старател.

Од почетокот на годината во Италија пристигнале над 20.000 имигранти, што е десет пати повеќе од истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ