Матурантите в петок ќе танцуваат квадрил и салса

Од:

Околу 1.300 матуранти по осми пат в петок на градскиот плоштад „Македонија“ ќе го заиграат танцот квадрил во рамки на „Матурската парада 2014“. Матурантите годинава ќе играат и салса. Покрај скопските матуранти од 22 училишта, ќе танцуваат и матурантите од Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга.

Организатори на манифестацијата се Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје. Покровител е Град Скопје, а поддржувачи се Делегацијата на ЕУ во Македонија и T-Mobile. Помагатели се компаниите Горска и Секуриком. Медиумски покровител е Македонското радио-Радио Скопје, кое ќе го преземе радио сигналот од Словенија.

Даниела Захариева, раководител на Секторот за образование на Град Скопје на денешната прес-конференција истакна дека „Матурската парада“ е невообичаен начин за прославување на матурирањето.

– Матурантите се обединуваат преку танцот и музиката и се поврзуваат со голем број нивни врсници од повеќе градови од Македонија и Европа. Успеваат забележително да испратат и прогресивни пораки, како што е пораката за ненасилство, рече Захариева.

Најави дека под покровителство на Град Скопје и градоначалникот Трајановски, на почетокот на јуни ќе се одржи манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“. Се работи за средба меѓу градоначалникот Трајановски и најдобрите матуранти, прогласените првенци во генерација од 21 средно училиште во Скопје. Матурантите ќе бидат наградени со парични и со други награди.

Тодор Миладинов од „Ритам Плус“ посочи дека кај матурантите има заинтересираност и оти брзо го научиле средновековниот танц квадрил, кој трае 6 минути и 17 секунди.

Предвидено е „Матурската парада“ да ја отворат скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Собирањето и подготовките ќе почне в петок во 9 часот. Од 10:30 до 11 часот матурантите ќе дефилираат од градскиот плоштад „Македонија“, по кејот „13 Ноември“, пред хотелот „Холидеј Ин“, покрај улицата „Филип Втори Македонски“ до Собранието на Република Македонија и ќе влезат на плоштадот преку портата „Македонија“. Ќе имаат генерална проба и потоа ќе почне официјалниот дел од програмата.

Освен дружењето и танцувањето на младите, оваа манифестација има и натпреварувачки тек, да се постави Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места или во различни градови. Последните години составен дел на оваа манифестација е и изјавата/заклетва на матурантите за ненасилство.

Годинава девојките ќе носат розови маички, а момчињата црни со натписот „Матурска парада 2014“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зурли и тапани, матуранти го блокираа Скопје

А1он

Честитка од 3.000 денари од градоначалникот Сашко Митовски за матурантите во Крива Паланка

A1on

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

A1on

Матурантите се договорија со Заев, ќе има два екстерни и два интерни испити

Искра Манојлоска

ВМРО-ДМПНЕ бара поддршка од СДСМ и од сите други пратеници за предлог-законот за матура

Катерина Ѓуровски

Матурантите од денеска се на настава, до крајот на месецов ќе чекаат одлука од Собранието

Катерина Ѓуровски