8-годишно девојче го презело воланот кога мајка и изгубила свест при возењето

Од:

Девојче од градот Гејлен во американската сојузна држава Канзас покажа огромна храброст и смиреност на која би и позавиделе и многу возрасни луѓе.

Имено, Шели Портер со автомобил ја носела својата осумгодишна ќерка Ејби кон училиште, кога во еден миг и се слошило и се онесвестила. Ејби веднаш го фатила воланот и продолжила да го управува автомобилот.

Полицаецот Џими Хамилтон забележал како автомобилот „прави осумки“ на патот со брзина од 30 километри на час и помисли дека некој вози под дејство на алкохол. Но, кога се доближил до автомобилот се изненадил кога видел девојче зад воланот.

Се обидел со полициското волзило да дојде пред автомобилот и да го запре, но Ејби преминувала од една лента во друга, трудејќи се да не го удри. Тогаш полицаерот и довикнал дека мора да го удри неговото возило за да застане.

– Не ја видов да плаче, иако според изразот на нејзиното лице и тонот на гласот видов дека е преплашена, рече Хамилтон.

Тој се наместил пред Ејби, а таа удрила во неговиот автомобил и застанале. По ова стигнала брзата помош која веднаш ја оденла Шели во болница.

Малата Ејби од полицијата ќе добие плакета за храброст во ситуации опасни по живот, а и Хамилотн ќе биде награден.

– Полицаецот ја заврши совршено работата, изјави шефот на полицијата во Гејлен, Лери Делмонт.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ