Рубиковата коцка денеска го слави нејзиниот 40-ти роденден. Позната е уште како Волшебна коцка (или пак Унгарска коцка), а изумот е на унгарски вајар и професор по архитеткура, Ерне Рубик, по кој го добила и името.
Оваа тридимензионална механичка играчка датира од 1974 година, а се состои од 26 еднакви минијатурни пластични коцкички, кои можат да се вртат околу средиштето за да се дојде до конечното решение – сложени обоени рабови. Иако Рубик за неговата коцка не барал меѓународни патент, откако во 1975 година доби унгарски, две години подоцна почнаа да се произведуваат првите Рубикови коцки во продавниците во Будимпешта, а потоа следуваше и претставување на играчката на Запад.
За многумина голема мистерија, а за некои дури вистинска занимација. Прилагодена за возраст од 7 до 77, па затоа и не чуди што токму оваа коцка е една од најпродаваните играчки во светот. До 2005 година се продадени повеќе од 300 милиони примероци.
Светскиот рекорд во сложување на Рубиковата коцка моментално го држи Матс Волк кој успеа да ја реши за неверојатни 5,55 секунди.