Антон Пурисима, 62-годишен жител на Менхетен одлучи да го тужи целиот Њујрок, пекарница, две локални болници и една сопственичка на куче, а отштетата која ја бара се два ундецилиуни долари (2.000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000).
Неговите луди побарување ги вклучил во рачно напишана тужба, во која тврди дека е дојдено до „грубо кршење на неговите граѓански права“ и дека дошло до „повреда, дискриминација на национална основа, одмазда, злоставување, обид за убиство, намерно емоционално злоставување и здружување со цел на измама“.
Пурисима ќе се застапува сам себе, а иако не е јасно во што е неговиот проблем, целиот случај вклучува бесно куче кое го гризнало за прст во текот на возењето во автобус и кинеска двојка кои го сликале во болница.
Во секој случај, тврди дека ги нема пари кои би можеле да го задоволат, па смета дека ундецилион е единствена логична сума.