ЕУ го активира механизмот за цивилна заштита за помош на Србија

Од:

Европската комисија го прими барањето на Владата на Србија за помош во санирањето на штетите од поплавите и интензивно ја подготвува првата транша, јави Танјуг.

– Нашите експерти за цивилна заштита во моментот ги координираат мерките за помош на Србија, изјави Ирина Новакова, портпарол на еврокомесарот за хуманитарна помош и вонредни состојби Кристалина Георгиева.

Европскиот центар за координација во вонредни состојби (ЕРЦЦ) ги проценува штетите и мерките кои треба да се преземат, а потоа со помош на земјите-членки ќе достави неопходна помош, појасни таа.

Српската Влада вчера соопшти дека побарала помош од ЕУ, Русија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија