Вршителот на должноста малезиски министер за транспорт Хисамудин Хусеин во Куала Лумпур соопшти дека е направена нова стратегија за потрага по малезискиот „Боинг“, кој мистериозно исчезна на 8 март.
Тој нагласи дека договорот целосно го одбрила Владата на Малезија.
Според Хусеин, минатата недела во Канбера претставници на Австралија, Кина и Малезија се договориле да бидат ангажирани повеќе поголеми и помали подморници за истражување на дното на дел од Индискиот Океан, на подрачјето во кое, најверојатно, се наоѓаат остатоците на исчезнатиот авион.
„Боингот-777“ исчезна два часа по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг. Во авионот имаше 239 патници и членови на екипажот, во најголем број кинески државјани.