САД и ЕУ единствени по прашањето за санкции против Русија

Од:

Ако се случи Москва да направи обид за попречување на изборите во Украина, кои ќе се одржат на 25 мај, тогаш САД и нивните европски сојузници ќе пристапат кон воведување на дополнителни економски санкции, истакна денеска во Лондон анонимен американски висок функционер.

– Постои широк консензус дека доколку изборите бидат попречени и ако зад сето тоа стои Москва, тогаш мора да преминеме на секторски санкции, нагласи американскиот претставник, нагласувајќи дека сите биле согласни по ова прашање.

Американскиот државен секретар Џон Кери ги информирал некои шефови на дипломатии од ЕУ за американскиот став во врска со новите санкции кон Русија, кои би вклучувале некои од најголемите руски сектори, како што се рударството и гасот.

Западните сили ја обвинуваат Русија дека иницира бунт во источниот дел на Украина, а Москва ги негира ваквите тврдења.

САД и ЕУ досега во два наврати воведоа санкции кон одредени руски државјани и компании блиски до Кремљ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он