Ширум планетата, од Шри Ланка, преку Австралија, до Иран, можат да се најдат неверојатни занимања. Понекогаш практични, па живописни, па и смешни, тие главно се од локален карактер.
Така, во Техеран постојат професионални кријачи на регистерски таблички. Имено, со желба да го олеснат сообраќајот, политичарите во главниот град на Иран воведоа наплата за влез на возила во некои градски зони. За да го избегнат овој данок и евентуални казни, некои возачи плаќаат на кријачи, при премин низ контролните пунктови кои се гледаат на камери, да одат зад автомобилите и со телото да ги кријат регистерските таблици, пишува Б92.
Во Шри Ланка за време на празници слоновите редовно дефилираат на улиците, а нивните шарени костими по мерка ги шијат акредитирани кројачи.
Познато е дека ноевите имаат лош карактер и можат да бидат многу агресивни, посебно нивните младенчиња. За да избегнат меѓусебно да се убиваат, јужноафрикански одгледувачи на ноеви изнајмуваат бебиситерки за чување на бебиња ноеви. Нивна задача е да седат во поле и да пазат птиците да не се повредат.
Неженетите во Јапонија, на кои им досадило да спијат сами во својот кревет, можат да изнајмат услуги од пријателки за дремка, кои како што самото име вели, прават друштво додека заспиваат. Оваа услуга чини 60 долари по чар и исклучува секс – само спиење.
Долж австралискиот Златен брег, една од главните туристички атракции во таа земја, некои градови ангажираат девојки кои во бикини помагаат на посетители полесно да најдат паркинг место, а можат и да се фотографираат со нив, ако тие тоа го сакаат.