Двајца осомнчени терористи се уапсени во Камерун пред да се качат во авион за Брисел, соопштија белгиските медиуми.
Белгиската министерка за внатрешни работи Жоел Милке изјави дека во багажот на двајцата уапсени откриени се сомнителни материјали кои се испратени на испитување.
Таа истакна дека осомничените терористи немале намера да го загрозат летот на „Брасалс ерлајнс“ ниту Белгија туку имале билети за лет кон САД.
Милке наведе дека по инцидентот Белгија презела дополнителни безбедносни мерки. Летот нормално се одвивал, а по пристигнувањето во Брисел патниците внимателно биле проверувани.
Властите во Камерун соопштија дека двете лица се уапсени поради поседување експлозив.