Лицата со дијабетес трчајќи ќе го менуваат дијабетесот

Од:

На Скопскиот маратон што ќе се одржи в недела, на 11 мај, учество ќе земат повеќе од 25 лица со дијабетес, членови на здруженија на дијабетичари од повеќе градови во Македонија.

Тие ќе се вклучат во трката на 5 км, трчајќи под слоганот “changing diabetes”- го менуваме дијабетесот, со што симболично ќе се претстави важноста на физичката активност во успешно справување со дијабетесот за оние кои живеат со оваа состојба, но и во превенција кај останатите. Дел од натпреварувачите во трката за менување на дијабетесот се на возраст над 70 години, а највозрасниот член е на возраст од 73 години.

Во тимот ќе се натпреварува и Бобан Несторовски, 29 годишен активен спортист со дијабетес тип 1 од Скопје, кој благодарение на редовната физичка активност и соодветниот режим на исхрана и терапија претставува одличен пример за добра контрола врз дијабетесот.

Во трката на 42 км и оваа година ќе учествува првиот маратонец со дијабетес тип 1 во Македонија, Костадин Мартинов од Струмичко, кој исто така ќе трча под слоганот “changing diabetes”-го менуваме дијабетесот.

Иницијативата е комплетно поддржана од компанијата Ново Нордиск во Македонија, чии вработени исто така ќе се приклучат на трката на 5 км, во знак на заедничка борба за менување на дијабетесот.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ