Има 60 години, а изгледа како да има 35: Која е тајната на Чуандо Тан?

Од:

Сингапурскиот модел и фотограф Чуандо Тан повторно стана хит на социјалните мрежи откако откри дека наполнил 60 години. Неговиот младешки изглед предизвика неверување кај следбениците, а многумина велат дека изгледа барем две децении помлад.

Тан, кој на 3 март го прослави својот 60. роденден, веќе со години привлекува внимание поради изгледот и одличната физичка форма. Но, информацијата дека влегол во седмата деценија од животот повторно ги изненади неговите обожаватели.

„Знам дека е вампир, само не можам да го докажам тоа“, се пошегувал еден од следбениците под неговата роденденска објава.

Друг го нарекол „најзгодниот дедо“, додека трет коментирал дека е неверојатно некој да слави 60-ти роденден, а да изгледа како да има 35 години.

Самиот Тан, сепак, многу помирно гледа на годините. Во роденденската објава напиша дека времето го смета за единственото вистинско богатство и дека е благодарен за секој нов ден.

Неговиот изглед не е нова тема на интернет. Тан стана светски познат уште во 2017 година, кога неговите фотографии масовно почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи, а јавноста се заинтересира како успева да го задржи младешкиот изглед.

Во претходни интервјуа тој истакнувал дека начинот на размислување има важна улога во тоа како старееме, но и дека здравата исхрана е еден од клучните фактори за зачувување на општото здравје.

За своите години вели дека никогаш не се чувствувал несигурно.

„И кога стареете, треба да ја задржите сексуалноста во себе. Не поради другите, туку поради себе“, изјавил Тан.

И покрај огромната популарност и речиси два милиони следбеници на Инстаграм, Тан ретко зборува за приватниот живот и претпочита тој дел од себе да го задржи подалеку од јавноста.

Би можело да ве интересира

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво

Горан Наумовски

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Недостигаат 340 пожарникари на ниво на Македонија, се возат „фапови“ стари 39 години: Анализа на Центарот за граѓански комуникации

A1on

Производи што ќе ви помогнат да се заштитите од вируси

Ана Ололовска

Безделничењето е корисно за мозокот, ако го практикувате правилно

Ана Ололовска

Светска банка: Ако Македонија преземе мерки сега, децата би биле поздрави и попродуктивни