Филип Поповски го истрча маратонот во Сиднеј: „Доживување е да трчаш заедно со Кипчоге и Шифан Хасан“

Од:

Листата од најголеми 6 светски маратони од годинава е зголемена за уште еден – маратонот во Сиднеј. Со тоа овој град се додаде на листата најголеми маратони во светот, заедно со оние во Токио, Берлин, Лондон, Чикаго, Бостон и Њујорк.

Првото издание на маратонот во Сиднеј, како дел од светската маратонска елита се одржа денес, 31.09.2025.

На него учествуваа дури 35.000 луѓе од земјината топка, а меѓу нив и Македонецот Филип Поповски, од тркачкиот клуб 091 Run Crew.

Тој маратонот, со должина од 42,19km го истрча со време од 3 часа и 53 минути.

„На маратонот трчаа и Кипчоге и Шифан Хасан, најдобрите во светот во оваа дисциплина, па самото тоа што трчаш иста трка со нив е доживување. Се обидов да ги стигнам но без успех.

Целта не ми беше да постигнам некое време, туку со нашето друштво 091 Run Crew да ја шириме трчачката култура и да се поврзуваме со здруженија и трчачки друштва од целиот свет. Кога одиме на трки ја имаме таа можност да се дружиме и да разменуваме мислења и идеи, да ги поканиме да ни дојдат во Македноја, тие да нè поканат нас (како што им бев сега јас гостин 2-3 дена во Сиднеј).

Јас бев единствениот претставник од нашето здружение, а имаше претставници од здруженија од целиот свет и, секако, ги поканив да дојдат на некој од нашите маратони.

Интересно е што тука ни беа поделени пасоши, кои се викаат United Nations of Crews, со кои и официјално 091 Run Crew стана член на светското здружение на трчачки друштва, како единствени претставници од Македонија“ – вели Поповски.

Финиш линијата на маратонот беше поставена пред Операта во Сиднеј.

Победник во машка конкуренција е Хаилемаријам Киорос од Етиопија, додека кај жените најдобро време имаше Шифан Хасан од Холандија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маратонецот Дарио Ивановски е сензација на Белградскиот маратон – ја потврди својата доминација на Балканот

А1он

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари

Предраг Петровиќ

Базел го откажа концертот на познатиот рапер на својот стадион, бидејќи не „ги делат вредностите на клубот“

Шокантен пораз на Зверев

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Погина Алекс Манингер