Пензиониран контролор на летање, Хеики Карна од Финска, дизајнираше секира која чудно изгледа и која може да цепи парче дрво со еден удар.
Секирата повторно е поризведена, првпат во осум илјади години, со закривена острица, која е дизајнирана така што во моментот на ударот во дрвото, таа моментално застанува.
Корисниците можат да бидат безгрижни кога е во прашање користење на оваа секира за разлика од обичните кај кои повредите се почести, па тука практично е невозможно да се случи повреда.
Дизајнерот на оваа необична секира дојде до идеа да направи нова и подобра верзија на секирата од Каменото доба, додека цепел дрва во шумата и неколку пати бил многу блиску да се повреди.
За да пронајде нов и посигурен начин на сечење дрва, почна да развива многу прототипи, што на крајот резултираше со создавањето на оваа секира.
Карна вели дека за неговиот изум има огромна заинтересираност и покрај високата цена на секирата, од 250 евра.
– Производството и продажбата на новата секира одат одлично, но проблем е тоа што не можам да направам онолку колку што се бараат и продаваат, рече низ смеење Карна.