Ширум планетата, од Шри Ланка, преку Австралија, до Иран можно е да се најдат неверојатни занимања.
Во Техеран постојат професионални сокривачи на регистерските таблички. Имено со желба да го намалат метежот во сообраќајот, официјалните лица во иранската претстолнина, воведоа наплата за влез на автомобилите во одредени градски зони. За да избегнат плаќање, во тек на премин на контролен пункт, кој што го набљудуваат камери, сокривачите одат зад автомобилот и со своето тело ја прикриваат регистарската табличка.
Во Шри Ланка за време на прослави слоновите редовно дефилираат низ улиците, а нивните шарени костуми по мерка ги шијат акредитирани шивачи.
Познато е дека ноевите можат да бидат агресивни, особено нивните малечки, па со цел да се избегне меѓусебната тепачка, јужноафриканските одгледувачи изнајмуваат бебиситерка за чување на бебињата ноеви. Нивна задача е да седат во поле и да внимаваат птиците да не се повредат.
Самците во Јапонија, на кои им здодеало да спијат сами во својот кревет, можат да изнајмат „другарка за дремка“, која како што самото име кажува им прават друштво на самците, додека не заспијат. Оваа услуга чини 60 долари.
Е. Г.