Африканскиот национален конгрес (АНЦ) на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума е во водство на вчера оддржаните парламентарни избори во Јужна Африка, со освоени приближно 56 проценти од гласовите, покажуваат податоците од преброените 20 проценти од гласовите.
Најголемиот соперник на АНЦ, Демократската алијанса, засега има 31 процент, што е многу повеќе во споредба со гласовите што ги доби пред пет години, кога освои едвај 16,7 проценти.