Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија дерби натпревар од 8.коло во машката кошаркарска Супер лига, совладувајќи го Кожув со 99:95.
На средбат одиграна вечерва во Гевгелија, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром до победата стигна во третиот период кој го доби со 27:17.
Стефан Синовец со 22 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која уште еден брилијнтен настап имаа ветераните, Тодор Гечвски со 19 поени и 8 скоковки,како и Ѓорѓи Чековски кој покрај 14 поени имаше и 6 скокови.
За гевгелискиот тим, Пековиќ постигна 26, а Мијаиловиќ 22 поени.
МЗТ Скопје остана единствениот тим во Супер лигата без пораз, а Кожув и по третиот пораз останува на второто место.
Во првиот натпревар од ова коло одигран попладнево во Струмица, истоимената домашна екипа загуби од Лирија минимално со 67:68.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Работнички – Куманово.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 8-0 (победи-порази), Кожув 5-3, Лирија 4-4, Работнички 3-4, Куманово 3-4 и Струмица 0-8.