„Изборот“ на муслиманите во ЦАР: бегство или смрт

Од:

Ништо слично не е видено од балканските војни во 90-тите години, вели Тами Шарп од Високиот комесаријат за бегалци при ОН.

За муслиманите во Бангуј, главен град на Централноафриканската Република (ЦАР), изборот се сведе на две опции – бегај или загини.

Муслиманите тука порано живелее слободно меѓу христијанското мнозинство, работеле на раководни места и се молеле во џамии. Сега многумина побегнале од градот, а минатата недела околу 1.300 од нив од квартот ПК12 во Бангуј се евакуирани на сигурно место со заштита на мировните сили.

ЦАР една од најсиромашните земји на светот, во последните 15 месеци ја погоди бран на насилства и нереди. 10 месечното владеење на бунтовничката група Селеки, во која доминираат муслимани, ги зголеми тензиите меѓу заедниците до запалливи висини и поттикна јакнење на христијанските полиции наречени Антибалака.

Кога групата Селеки беше симната од власт во јануари, групата Антибалака се разгневи, земајќи ги на удар муслиманите ширум државата поради нивна наводна поддршка на Селеки и нивните крвави екцеси. На врв на насилството рајата ги напаѓале муслиманите во џамии или ги извлекувале од такси и масакрирале на улица. Во еден инцидент група војниц слушале говор на неодамна именуваната привремена претседателка Катерина Самба-Панза, а потоа линчувале муслиман и по завршетокот го запалиле неговото тело.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун тоа крвопролевање го нарече етнорелигиско чистење.

Тоа е еден вид затвор

Во главниот град Бангуј етничкото чистење наскоро ќе биде завршено. Минатата недела во квартот ПК5 една населба во главниот град во кој муслиманите се уште се безбедни, над 1.000 муслимани од целиот град и околните градови се собрале околу џамија, преживувајќи насилство и чекајќи на бегство.

– Тоа е еден вид затвор – рече Махамат Бабикир, лидер на организација која ги претставува раселените муслимани кои калливиот двор на џамијата го нарекуваат дом. – Ако се оддалечите од џамијата, припадници на групата Антибалака можат да ве каменуваат и застрелаат.

Додека неколку директори на бизниси се надеваат на останување, повеќето муслимани сокриени во џамијата зборуваат за желба за бегство. Иако патролираат француски војници, а чети на Африканската унија се стационирани во училиштето преку патот, пукањето е редовна појава во квартот ПК5.

– Сите сакаат да побегнат поради се што се случува тука – рече Фатима Ваде, една муслиманка која безбедно место побарала во џамијата. – Припадниците на Антибалака ќе ги убијат муслиманите поради било каква причина.

Наследството на групата Селеки

Припадниците на групата Селеки влегоа во Бангуј во март 2013 година, симнувајќи го претседателот Франсоа Бозиз, кои и самиот ја презема власта на сила во 2003 година. Многу од нив кои на власт го донесоа претседателот Мишел Џотодијо, од групата Селеки, доаѓале од северниот дел на државата, или тоа биле покровители од соседните држави Судан или Чад. Речиси никој немал склоност кон југот на државата.

– Кога некој регион ќе го доживееја како место на можно спротивставување на својата власт, насилно го напаѓаа – рече Јоана Маринер, виша советничка за одговори на кризните состојби при Амнести Интернешенал. – Очигледно, резултатот на тоа било да се креира огромен презир и непријателски однос, што на крајот се истурало над муслиманската популација како целина.

Данокот од тие судири се гледа неколку улици подалеку од безбедното место за муслиманите, во квартот ПК5, каде опустошената џамија и срушените куќи се сведоци на гневот на Антибалака. Припадниците на полицијата кои тоа го направиле сеуште слободно се движат во тој крај, ладно објаснувајќи дека користат чекани и гранати да ги уништуваат домовите и дека крадат кровови и врати за своите домови.

Некои припадници на групата Антибалака муслиманите ги сметаат за странци, повикувајќи се на бројните муслимани со потекло од Чад и на употребата на арапскиот јазик во заедницата, кој не е еден од официјалните јазици во ЦАР.

– Тие кои живеат во џамијата треба да си одат – вели Станислас Нзале, припадник на Антибалака. – И да се тука родени, нема потреба да остануваат.

Други зборуваат за одмазда. Себастиан Венезу, кој порано бил државен службеник, рече дека се приклучил на групата Антибалака откако борците од групата Селека му го спасиле семејството во домот.

– Ако видат христијани кои поминуваат, ќе ги убијат – рече Венезу за преостанатите муслимани во градот. Затоа ние ги убиваме нив.

Корените на масакрите

Претходно овој месец ОН покрена опција во случај на крајна потреба, најавувајќи дека ќе организира евакуација на муслиманите од енклави како што е ПК5. Ништо слично не е направено уште од балканските војни во 90-тите години од минатиот век – рече Тами Шарпе, заменик државен секретар во ЦАР пред Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

– Никој не ги сака тие бегства и преселби. Никој не смета дека тоа е идеално решение или најдобар пат – рече Шарпе за Ал Џезира. – Има многу разни прашања кои ќе се појават. Би имало многу прашања и ако останат таму каде што се.

Коме Харун, заменик имам во џамијата, рече дека муслиманите не можат повеќе да го чуваат квартот ПК5. Но, тоа не значи дека можат едноставно да остават зад себе се што се случило. – Ќе биде тешко да се живее заедно со христијаните, бидејќи на некои муслимани тука тешко може да им се прости – рече Харун. – Не можете да преминете преку ваква состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска