Младиот уметник Гери Турк на својот профил на Јутјуб објави видео, кое за само неколку дена го видоа повеќе од три милиони луѓе.
Во него, преку рима, допре до еден од најголемите проблеми на модерното општество, поточно проблемот на отуѓеност поради социјалните мрежи кои би требало да не спојуваат. Никогаш порано не сме биле толку неповрзани едни со други, а на располагање ни се голем број видови комуникации. Тоа е оно што Турк смета дека е многу тажно.
– Ние сме генерација на идиоти. Паметни телефони и глупави луѓе, зборува во еден момент во неговата песна, која благодарејќи токму на модерната технологија и интернетот за само неколку дена го сврте светот.