Слатката историја на чоколадото

Од:

Чоколадото е можеби „храна за боговите“, но во својата скоро 4,000 години стара историја тоа всушност било повеќе конзумирано како горчлив напиток отколку како слатка јадлива посластица. Антрополозите пронајдоа докази дека чоколадото било правено од предолмечките култури кои живееле на територијата на денешно Мексико околу 1900 г.пр.н.е. Старите мецоамериканци, кои први култивирале какао стебла кои ги откриле во тропските прашуми на Централна Америка, ги ферментирале, печеле и мелеле зрната во смеса која потоа ја мешале со вода, ванила, мед, чили пиперчиња и други зачини, и ги вареле во густо топло чоколадо.

Цивилизациите на олмеците, маите и ацтеките откриле дека чоколадотоо е неодолив пијалак, подигнувач на расположението и афродозијак, што ги довело да веруваат дека поседува мистични и духовни квалитети. Маите го обожувале богот на какаото, и ги резервирале чоколадите за владетелите, воините, свештениците и богатите на мистичните церемонии.

Кога астеците почнале да доминираат со мецоамерика во 14-иот век, тие саделе какао мешунки кои не можеле да бидат одгледувани на сувите високи терени на централно Мексико, каде било срцето на нивната цивилизација. Ацтеките тргувале со маите какао зрна, кои биле толку ценети што служеле како средство за плаќање (во 14-иот век, ацтеките плаќале за мисиркина шунка по 100 зрна какао). Според некои докази, имперетаторот на ацтеките во 16-иот век, Монтезума, пиел по 12 литри чоколадо на ден за да го дигне своето либидо.

Во 14-иот век, шпанските конквистадори, меѓу кои и Херман Кортез, кој барал злато и сребро во Мексико, наместо со метал во Европа се вратил со чоколадо. Иако шпанците го засладувале горчливиот пијалок со шеќер од трска и цимет, едно нешто останало непроменето: чоколадото сеуште било деликатесен симбол за раскош, богатство и моќ. Чоколадото ги галело усните на кралевите, и само шпанската елита можела да си го дозволи скапиот увоз.

Шпанија успеала да ја задржи тајната на чоколадото скоро еден век, но тогаш ќерката на шпанскиот крал Филип Трети се венчала со францускиот крал Луј Тринаесети во 1615 г., и таа со себе во Франција ја донела и нејзината страст кон чоколадото. Популарноста на чоколадото веднаш се проширила до другите европски дворови, а аристократите го конузмирале како свој магичен еликсир со волшебни својства. За да ја задоволат се поголемата жед за чоколадото, европските моќници основале колонијални плантажи во екваторијалните региони низ светот за да одгледуваат какао и шеќер. Кога болестите донесени од европските освојувачи ја сотреле мецоамериканската работна сила, биле увезени робови од Африка на плантажите и продолжило производството на чоколадо.

Чоколадото останал аристократски нектар се додека холандскиот хемичар Коенрад Јоханес ван Хоутен во 1828 не ја смислил пресата за какао, со што се револуционаризирало производството на чоколадо. Пресата за какао можела да го исцеди масниот путер од печените какао зрна, по што останувала сува смеса која можела да биде сушена во фин прав, кој пак потоа можел да се меша со течности и други состојки, да се става во калапи и да се стврднува во јадливо, лесно сварливо чоколадо. Иновацијата од ван Хоутен се проширила и во модерното доба на чколадото и овозможила негово користење во кондиторската индустрија како состојка, а следствено тоа резултирало со пад на производствените трошоци и така чоколадото станало достапно го масите народ.

Во 1847, британската компанија за чоколади Џ.С.Фрај енд санс, направила прва цврсто јадлива чоколадна табла од путер од какао, какао прав и шеќер. Пронајдокот на Лудорф Линдт во 1879 на машиуната за мешање, која правела чоколадо со мазна структура и врвен вкус, довело до масовно производство на мазно, млечно чоколадо од фабрички линии за производство. Не треба да имате слатки заби за да препознаете познати семејни производители, како што се Кадберис, Марс или Херши, кои учествувале во чоколадниот бум во доцниот 19-ти и на почетокот од 20-иот век, и кои се уште владеат. Денес, просечниот Американец конузмира по 5,44 кг. чоколадо секоја година, а годишно во светот се трошат по 75 милијарди долари на чоколади.

history.com

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ