Во судар на два воза на метро станица во јужнокорејската престолнина Сеул денеска најмалку 170 лица се повредени, соопштија локалните медиуми.
Првично беше јавено за над 70 повредени патници.
Како резултат на судирот на двата воза една од композициите излетала од шините.
Патниците по сударот излегле од вагоните и пешки се движеле по шините до метро станицата.