По долго барање на семејствата чии блиски исчезнаа, да ја чујат автентичната снимка од последните зборови на пилотите пред исчезнувањето на малезискиот авион, куса снимка за прв пат е пуштена на прес конференција.
На снимката се слуша протокуларното одјавување, а пилотот има смирен тон и ништо не укажува на можни проблеми.
Веднаш по оваа порака авионот нагло го сменил курсот и исчезна без трага до ден денес.