(ВИДЕО) Пилот од Њујорк: Ова е исчезнатиот „Боинг 777“

Од:

Шеесетгодишниот Мајкл Хобел, пилот од Њујорк е сигурен дека го пронашол малезискиот авион „Боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој исчезна на 8-ми март со 239 патници и членови на екипажот.

Тој во интервју за локалната телевизија „WIVB“, открива дека интензивно трагал по авионот по пат на „Том Нод“, веб страна која по исчезнување на авионот отворила посебен сервис на кој обичните корисници на интернет, може да ги пребаруваат сателитските снимки и да забележат нешто сомнително.

Како што пренесе „Дејли меил“, „Том Нод“ ветил дека ќе им ги испрати на истражителите локациите кои најмногу се означени, за да им ја олесни потрагата по авионот.

Пилотот Хобел вели дека се шокирал кога забележал летало на дното на морето во близина на североисточното малезиско крајбрежје, западно од Тајланд.

Напоменува дека направил споредба со димензиите на објектот со спецификации од самиот „Боинг 777“ и утврдил дека се идентични.

-Не можев да дојдам при себе, едноставно не верував дека ќе го пронајдам ова- вели Хобел, покажувајќи му ја на репортерот на „WIVB“ фотографијата која ја пронашол на „Том Нод“, за која што вели дека од корисниците на страната не добил ниту еден негативен коментар.

majklHobel (3)

Тој раскажува дека за ова се обидел да го информира американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ), односно агенцјата која помеѓу останатото се занимава и со истрага на авионски несреќи. Сепак никој до сега не му одговорил.

На ѕид на молк, наишол и како што вели кога се обидел да ја контактира и ФБИ.

Во меѓувреме, роботската подморница „Блуефин 21“ целосно го пребарала подрачјето, околу местото од каде што пред неколку недели во повеќе наврати беше забележан сигнал сличен, на оној кој го испраќаат црните кутии.

Истрагата сега влегува во нова фаза, која ќе се концентрира на „чешлање“ на дното на Индискиот океан.

majklHobel (1)

Австралиската компанија „Гео Ресонанце“ која се занимава со геофизичко истражување на морињата, со посебна опрема, на дното на Бенгалскиот залив забележала одредени аномалии, кои упатуваат на тоа дека малезискиот „Боинг“ завршил токму тука, односно на околу 5.000 километри од локацијата на која минатите недели се трагаше по авионот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски