Некогашниот премиер на Малезија, Махатир Мохамед, а сега претседател на доминантната етничка политичка партија Обединета национална организација на Малезија, на блог ја објавил својата теорија за мистериозното исчезнување на малезискиот авион.
-Многу ме вознемири фактот што роднините на настраданите во авионот на малезиската авио компанија, посегнаа по вработените во „Малезија ерлајнс“, тие обвинуваат погрешни луѓе. Виновен е „Боинг“. Како некој може да произведе авион, кој така лесно може да биде саботиран? Екипажот мора секогаш да има комуникација со контролорот на летот. Дури и пилотот да сакал да изврши самоубиство, копилотот сигурно би се јавил на контролата дека авионот тргнал во друг правец. Ниту патниците не се обиделе ништо. Никој од нив не пријавил проблем, затоа што системот за комуникации бил оневозножен, пишува Мохамад.
Тој својата теорија ја поткрепува со фактот дека летот на секој патнички авион може да се следи по пат на мобилен телефон и дека не постои можност сателити, кои може да зумираат и човек на земјата така лесно да изгубат од вид еден авион.
-Технологијата на далечинско управување денес е софистицирана. Зошто тогаш авионот со далечинско управување не е пренасочен поради безбедно слетување. Дали е можно трето лице да ја преземе контролата над авионот? Зошто во тек на падот на авион во океан не е покренато активирање на чамците за спасување, кои наводно авионот ги има во составот на опремата- прашува поранешниот премиер.
Мохамад во своето излагање го повикува „Боинг“ да објасни каков пропуст има во технологијата и да прифати одговорност за производство на авионите кои исчезнуваат во воздух.
Е. Г.