Подводниот робот ја проширува зоната на пребарување на исчезнатиот малезиски авион

Од:

Подводниот робот „Блуфин-21“, кој го истражува дното на Индискиот Океан во потрага по исчезнатиот малезиски авион, ќе ја прошири областа на сегашните истражувања.

„Блуфин 21“ создава повеќе од две недели тродимензонална сонарна мапа на океанското дно во близина на местото, каде на 8 април беа пресретнати сигнали, кои се претпоставува дека доаѓаа од црната кутија на исчезнатиот Боинг.

Областа на пребарувањето е во круг со радиус од десет километри, на длабочина од 4,5 километри, покрај западното крајбрежје на Австралија.

Се очекува по завршувањето на истражувањето на дното подводниот робот да продолжи да ја истражува периферијата на областа. На роботот му се потребни четири часа за да стигне до местото на истражување и уште толку за да се врати. Потоа симнувањето на податоците исто така трае околу четири часа.

Австралискиот министер за одбрана Дејвид Џонстон изјави минатата недела дека се очекува навлегување во нова фаза на потрагата, во која ќе биде искористена помоќна сонарна опрема, која може да достигне поглема длабочина од „Блуфин-21“.

Малезискиот авионот „Боинг-777“ со 239 патници и членови на екипажот, кој сообраќаше на реалација Куала Лумпур – Пекинг, мистериозено исчезна на 8 март и оттогаш му се губи секаква трага.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски