Од јапонски брод пирати украле два милиони литри нафта

Од:

За сега непознати пирати синоќа во морскиот теснец Малука, кој се наоѓа меѓу Сингапур, Малезија и Индонезија, пресретнале јапонски танкер и од неговите резервоари украле два милиони литри нафта. Пиратската акција траела пет часа, по што крадците на нафта се повлекле во непознат правец.

Ограбениот брод превезувал пет милиони литри гориво од Сингапур кон Мјанмар. Малезиската и сингапурската полиција соопштија дека преземаат акција за пронаоѓање на пиратите, но потврдија дека, за сега, немаат резултат.

Пиратството во морскиот премин Малука  трае повеќе од половина век. Со мали и брзи бродови пиратите напаѓаат танкери и товарни бродови и најчесто успеваат да избегаат. Активноста на пиратите беше намалена минатата година, но годинава веќе се забележани десетина напади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари