Адаптацијата на Крим со рускиот правен систем може да трае и пет години

Од:

Целосна адаптација на Крим со рускиот правен систем би можела да потрае и пет години, предупреди денеска Сергеј Аксјонов, времениот лидер на републиката.

– Верувам дека транзицискиот период ќе продолжи и по 1 јануари 2015, но тоа не е некој проблем, истакна Аксјонов.

Кримската Република, чие население е претежно руско, и Севастпољ, град на Крим кој има специјален статус, потпишаа договор за повторно присоединување на Русија на 18 март, по референдумот два дена порано, на кој мнозинството жители на Крим се определија за отцепување од Украина и придружување кон Руската Федерација.

Рускиот претседател Владимир Путин го именуваше на 15 април Аксјонов за времен лидер на Кримската Република, а за в.д. гувернер на Севастопољ го именуваше вицеадмиралот во резерва и поранешен заменик-командант на Руската црноморска флота Сергеј Мењаил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он