Во сибирската република Бурјатија повеќе од осумдесет години останува неодговорена една од најголемите светски мистерии. Будистичкиот монах Хамбо Лама Итигалов иако починал во 1927 година, неговото тело до денес не е распаднато.
Телото остава чувство како да изгубило живот пред 36 часа. Зглобовите на Лама се свиткуваат, а ткивата му се меки.
Во септември 2002 година бил отворен дрвениот саркофаг со неговите посмртни останки и било утврдено е дека телото воопшто не е допрено и се наоѓа во истата „лотус“ поза во која умрел додека медитирал.
Инаку, Лама Итигилов уште додека бил жив станал легенда. Бил водач на будистите во источен Сибир од 1911 до 1917 година и се прославил како филозоф и лекар, а се зборува и дека како Исус, тој можел да оди по вода. Најмистериозна е неговата смрт во 1927 година, кога Лама опкружен од неговите ученици, седнал во „лотус“ позата и им наредил неговото тело да се откопа по извено време, при тоа известувајќи ги дека ќе се врати жив. Потоа потонал во длабока медитација.