Подводната потрага по исчезнатиот малезиски авион ќе заврши за пет до седум дена

Од:

Подводната потрага по малезискиот „Боинг 777“, што со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8 март за време на летот до Куала Лумпур кон Пекинг, ќе заврши за пет до седум дена, соопштија денеска австралиските органи кои ја координираат оперцијата за пронаоѓање на остатоците од авионот во водите на Индискиот Океан.

По повеќе од еден месец потрага по остатоците на леталото, со помош на подводниот робот АУВ на американската Воена морнарица, реонот во кој се трага по авионот е сведен на радиус од 10 километри околу местото на кое на 8 април беа регистрирани звуци кои наликуваа на сигналите што ги емитуваат црните кутии.

Координативниот центар на операцијата соопшти дека поволните временски услови ја олесниле подводната потрага и роботот АУВ за пет до седум дена ќе заврши со проверката на целиот реон во кој се претпоставува дека се наоѓаат остатоците на авионот.

Раководотелот на Координативниот центар Ангус Хјустон во понеделникот најави дека кон средината на оваа недела ќе биде прекината потрагата од воздух и на вода и дека таа ќе се насочи само на подводните пребарувања.

Но, и покрај ваквите најави на Хјустон потрагата од воздук со 11 воени авиони и на вода со 12 брода, продолжува. Подрачјето во кое се трага по авионот е со површина од околу 50.200 километри квадратни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски