Проруски сили презедоа контрола врз украинскиот град Северск

Од:

Претставници на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, денеска презедоа контрола нада градот Северск во областа Доњецк во источниот дел на Украина.

Како што јавија руските медиуми, од сите државни институции во градот се отстранети украинските симболи и наместо нив се псотавени знамиња на т.н. „Доњецка Народна Република“.

Според истите извори, локланите власти во Северск соопштиле дека ќе соработиваат со претстваниците на т.н. „Доњецка Народна Република“.

ИТАР-ТАСС јави дека во Северск денеска пристигнале дваесетина претставници на проруските активисти кои ја прогласија „Доњецката Народна Република“, на кои им се придружиле повеќе десетици локални жители. По куси преговори со локланите власти и полициските раководители издадено е соопштение дека „Северск преоѓа под управа на Доњецката Народна Република“.

При преземањето на контролата врз градот немало никакви инциденти и „не бил истрелан ниту еден куршум“.

Северск е град со 12.000 жители кој се наоѓа во Артјомовскиот Округ во Доњецката Област.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он