Дваесет и два краткоперни китови се насукаа на брегот на Флорида, и покрај напорите да ги спасат, 17 од нив починале.
Само пет млади китови ја преживеаа несреќата и се однесени во локалниот центар за рехабилитација, додека останатите починаа или од природна смрт, или биле еутанизирани.
Овие китови се најбројни во нивниот вид, по делфините и китовите – убијци. Тие се едни од најинтелегентните суштества, а според експеритете за насукувањето се виновни инфекциите и бактериите што се појавиа во морскиот свет, кои им ја нарушиле нивната способност да се ориентираат во водата.