Пријателскиот натпревар помеѓу кошаркарските тимови МЗТ Скопје и Черкаси Мавпи заврши со физичка пресметка. При крајот на второтополувреме додека сино – белите беа во предност, домашниот кошаркар Ѓорѓи Чековски, не одолеа на провокациите на Винстент Хантер од гостинскиот тим.
По фаул на гостинските кошаркари настана тензична атмосфера, која судиите пробаа да ја смират со неколку минутен прекин на натпреварот.
Но безуспешно.
По враќањето во игра, Чековски фаулираше, на што гостинскиот тим бурно реагираше.
Безуспешни беа обидите на судиите, па дури и полицајците, да го спречат Чековски, кој по постојаната провокација, му возврати на гостинот од Украина со тупаници.
Несреќно заврши натпреварот, кој беше со хуманитарен предзнак.
Влезот беше слободен, а на места во салата беа поставени кутии во кои се собираа донации за Боро Стајиќ, член на нашата навивачка група Фемили Аеродром, кој летово имаше несреќа и на кој што му се потребни финансиски средства за рехабилитација.
Инаку тренерот на гостинскиот тим од Украина, Јовица Арсиќ, беше селектор на македонската кошаркарска репрезентација.