Калвин и Затера Спенсер од Портсмуд, се веројатно најсреќен брачен пар, затоа што за само две недели во игри на среќа освоиле три награди, чиј што вкупен износ е околу милион ипол евра.
Првата добивка која се случила на 12-ти март, изнесувала 750.000 евра. Втората добивка им ја донела играта „Избери 4“, во која имале десет среќни листови, кои само една недела подоцна, им донеле 36.000 евра.
На 27-ми март уплатиле картичка за гребење и добиле уште 750.000 евра.
-Ние се уште не сме завршиле-порача овој среќен пар.
Е. Г.