Вечерва Централен, утре Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Вечерва најголемата владејачка партија ќе одржи седница на Централниот комитет во револуционерно Смилево, дознава Press24 од неофицијални партиски извори.

Партијата не сака голем медиумски публицитет на овој настан, па затоа информациите не ги потврди ниту еден официјален партиски функционер.

На Централниот се очекува главна тема да биде актуелната криза во владината коалиција и во соработката со ДУИ.

Во текот на утрешниот нашите неофицијални партиски извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи и седница на Извршниот комитет, највисокото тело на партијата.

Инаку, изборот на местото Смилево, според 24 вести,со себе носи голема симболика. Тоа е истото место каде што во мај 1903 беше договорено да се дигне Илинденското Востание.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда