Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ги негираше тврдењата на германската старлета од босанско потекло, Сабина Беган, дека носи дете од Берлускони.
38 годишната Беган, или како што ја викаат “Queen Bee“, затоа што организирала секс журки во вилата на Берлускони, денеска изјави дека спиела и е бремена од поранешниот премиер.
На еден сајт после тоа објави дека во текот на ноќта го загубила бебето.
Нејзиното вистинскио презиме е Бегановиќ.
Името на Сабина се поврзува со секс журките кои Берлускони ги правеше во резиденциите на Сардинија и во Рим, на кои млади девојки изведуваа стрптиз.
Сабина често изјавуваше дека го обожува Берлускони , а сега изјави дега е волшебен, прекрасен и дека е како Супермен.
Берлускони во 2011 поднесе оставка на функцијата премиер, но и натаму е пратеник.Му се суди за секс со малолетни проститутки кога беше премиер.