Незаборав за 4-та трагично загинати струмичани

Од:

На иницијатива на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, светски реномираниот руски скулптор и сликар Григориј Потоцки ќе прави споменик на четворицата струмичани кои трагично ги загубија животите во пожарот на 23 јули годинава.

Градоначалникот Заев и скулпторот Потоцки денеска се сретнаа и разговараа за деталите околу споменикот. Според авторот, идејата за споменикот се потпира врз христијанската и народната традиција.

Во темелите на споменикот се јазиците на огинот, како рака која вреска и од пламенот нагоре вертикално летаат четири птици кои ги симболизираат душите на четворицата загинати во пожарот. Нозете на птиците стануваат се потенки, се издолжуваат и птиците летаат во небото како четири крста.

Заоблените глави на птиците со долги клунови оддалеку потсетуваат на христијански цркви, а крилата потсетуваат на крстови, но ненаметливо, меко, бидејќи споменикот пред се е светол спомен на починатите.

За градоначалникот Зоран Заев, споменикот ќе претставува силен симбол на незаборавот кон нашите сограѓани кои ги дадоа своите животи бранејќи го градот од пожарот.

„Навистина идејата е прекрасна, останува понатаму да го излееме овој споменик и да најдеме соодветна локација во консултација со сите соодветни за оваа работа, вклучувајќи ги стручните служби, семејствата на починатите и пред се струмичката јавност“, рече градоначалникот Заев.

Во големиот пожар, животите ги загубија браќата Пено и Блажо Стојанови, Мите Ѓорѓиев и Војо Гркланов.

Григориј Потоцки на општина Струмица и подари биста на херојот на човештвото, Јуриј Гагарин, како симбол на зближување на Русија и Македонија.

 

 

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски