Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни економски податоци пред конгресните избори во средината на мандатот и побара итна истрага. Во објава на својата платформа за социјални медиуми, „Truth Social“, Трамп наведе дека првичните бројки биле „лажни“ и дека владината агенција одговорна за овие пресметки издала исправка.

– Американската економија за време на администрацијата на Трамп бележи многу подобри резултати отколку што сугерираа и онака позитивните бројки. Растот на БДП во третиот квартал сега е ревидиран на 4,3 отсто, што е зголемување од претходните 3,4 отсто – огромна разлика, напиша Трамп.

Тој постави прашање зошто точните податоци не биле објавени пред изборите, тврдејќи дека тоа не било случаен пропуст.

„Барам итна истрага за оваа ситуација. Ова не е мала грешка; станува збор за огромна и намерна грешка“, напиша американскиот претседател.

Републиканската партија на Трамп претрпе пораз на конгресните избори во средината на мандатот, одржани на 3 ноември, губејќи го мнозинството во двата дома на Конгресот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Сето ова е огромна измама