Некогаш мало гратче, денес – кинеската Силиконска долина: Зошто самитот се одржува во Шенжен?

Од:

Како домаќин на самитот на АПЕК (APEC), Кина добива можност да му го претстави Шенжен на светот – град кој прерасна во еден од најзначајните технолошки и економски центри во земјата, пренесува Ројтерс.

Во 1980 година, Шенжен бил претежно рурална област, кога тогашниот кинески лидер Денг Сјаопинг го одредил како една од првите специјални економски зони во земјата. Денес, тој е познат како кинеска Силиконска долина, дом на бројни облакодери и седишта на големи компании, како што се BYD, Huawei и Tencent.

Низ градот сообраќаат такси-возила без возачи, а дронови доставуваат кафе до посетителите во парковите. Долж главните сообраќајници се поставени натписи со пораката: „Соберете се во Шенжен, сведочете им на чудата“.

Според Чим Ли, виш аналитичар во „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit), Кина го избрала Шенжен од причини поврзани и со домашната и со меѓународната агенда. Градот е дел од поширок економски регион – кој ги опфаќа Хонгконг и Макао – што Пекинг има за цел да го претвори во глобален центар за технологија и иновации.

Ли додава дека самитот ѝ овозможува на Кина платформа за претставување на нејзината визија за економски развој и трговија, истовремено демонстрирајќи ја отпорноста на Шенжен пред предизвиците на геополитичките тензии.

Би можело да ве интересира

Москва: Украина беше главна тема на разговор меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Трамп задрема за време на обраќањето на Си на самитот на АПЕК?

Австралискиот премиер директно до Путин: Завршете ја војната, веднаш

Трамп го пофали односот со Си: Некои не се задоволни од тоа, но јас сум

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Си до Трамп: Односите меѓу Кина и САД се стабилни и се подобруваат

Горан Наумовски