Австралискиот премиер директно до Путин: Завршете ја војната, веднаш

Од:

Австралискиот премиер Ентони Албанезе упати директен повик до рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, за време на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Кина.

Албанезе му се обрати на Путин пред повеќе од 20 светски лидери, а рускиот претседател во текот на неговото излагање ја држел главата наведната. Станува збор за невообичаено остар настап на австралискиот премиер, кој е познат по внимателниот и одмерен пристап во јавните настапи.

„Двата најголеми причинители на нарушувањата во трговијата се конфликтите во Украина и на Блискиот Исток и мораме да направиме сè што можеме за да ги завршиме“, изјави Албанезе.

Тој предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток влијае врз глобалната инфлација и ги зголемува трошоците за живот во економиите ширум светот.

Потоа упати директна порака до рускиот претседател: „И многу директно му порачувам на претседателот Путин: завршете ја вашата војна, завршете ја веднаш“.

Повикот на австралискиот премиер доаѓа во време на интензивни дипломатски контакти меѓу светските лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно, за време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, најави дека ќе разговара за завршување на војната во Украина.

Истата тема Трамп планира да ја отвори и на заедничката средба со Си и Путин, на која се очекува да се разговара за можностите за ставање крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп покажа кон Путин: „Кој е тоа? Тоа е мојот пријател“

Путин: Азија станува центар на светската економија, Си повика на укинување на трговските бариери

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

Сибиха: Украина очекува Трамп и Си да го искористат своето влијание врз Путин за да ја завршат војната

Кремљ: Веќе се подготвува завршна изјава по средбата меѓу Трамп, Путин и Си

Си и Путин разговараа за утрешната средба со Трамп

Горан Наумовски