(ВИДЕО) Дали Трамп задрема за време на обраќањето на Си на самитот на АПЕК?

Од:

Се чини дека претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, задрема за време на обраќањето на кинескиот претседател Си Џинпинг пред светските лидери на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во кинескиот град Шенжен. Како што пренесува Би-Би-Си (BBC), Трамп (80) утрово бил забележан како седи со затворени очи за време на говорот на кинескиот претседател.

Американскиот претседател тукушто заврши со напорен тридневен дипломатски распоред, кој започна во вторникот со самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (ASEAN) во Манила; потоа, во средата попладне, пристигна во Кина, каде што присуствуваше на свечена државна вечера организирана од кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во средата, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа шминка на горниот дел од дланката на американскиот претседател за време на неговата средба со кинескиот лидер.

На фотографиите одблизу се забележува дебел, нерамномерно нанесен слој шминка на горниот дел од дланката на американскиот претседател.

Според медиумските извештаи, Трамп и претходно бил фотографиран со шминка на рацете – која наводно се користи за прикривање модринки или промени во бојата на кожата – што укажува на можна поврзаност со здравствената состојба на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Москва: Украина беше главна тема на разговор меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Трамп го пофали односот со Си: Некои не се задоволни од тоа, но јас сум

Си до Трамп: Односите меѓу Кина и САД се стабилни и се подобруваат

Горан Наумовски

Трамп и Си ги започнаа разговорите пред трилатералната средба со Путин

Си го смести Трамп до себе, а Путин подалеку на вечерата – реагираше Кремљ

(ВИДЕО) Трамп покажа кон Путин: „Кој е тоа? Тоа е мојот пријател“