Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на трговскиот центар КАМ мол, во скопската населба Ѓорче Петров, поради што било спроведено итно евакуирање на посетителите и вработените во објектот. Според сведоштва на очевидци, на терен интервенираат полициски и противпожарни екипи.
https://youtube.com/shorts/443Z3VR9X6M?si=zZ0IDp-w0LVUW4yK
Со полициска асистенција, возилата од подземниот паркинг се извлекуваат едно по едно, при што на дел од нив се забележуваат траги од чад. Чад се забележува и како излегува преку вентилацискиот систем на трговскиот центар.
Пред објектот во меѓувреме се собрале поголем број граѓани, додека надлежните служби интервенираат на местото на настанот. Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту потврда дали во инцидентот има повредени лица. Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции.
