Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 7 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за 5,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 88, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 94,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,5 денари и ќе изнесува 103,5 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 6,261 денари за килограм и ќе изнесува 49,312 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа кај бензините во просек за 12,340 отсто, кај дизелот за 6,785, кај екстра лесното масло за 7,834 и кај мазутот за 13,816 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5247 отсто.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10 отсто и е применет намалениот износ на акцизата од 2 денара за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и од 4 денари кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Би можело да ве интересира

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка